Свет
2. October 2015 - 8:40

Тројца убиени во престрелка во Флорида меѓу полицијата и криминалец

Три лица се убиени во престрелка во југоисточната американска држава Флорида меѓу полицијата и криминалец, јави ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми.

Вооружениот напаѓач е меѓу загинатите. Повеќе детали не се познати.

Престрелката се случи само неколку часови откако млад маж уби девет лица во колеџ во северозападната американска држава Орегон, пред да биде застрелан од полицијата.