Свет
22. November 2016 - 15:21

Тројца уапсени во Германија поради поддршка на терористичка група

Тројца Германци со сириско потекло беа приведени денеска во Гермнаија под сомнение дека ја поддржуваат групата Ахрар ал Шам, влијателна исламистичка организација која се бори за соборување на сирискиот претседател Башар Асад.

Обвинителството во Карлсруе соопшти дека осомничените се приведени во Баварија, Долна Саксонија и во Берлин поради поддршка на тероризам.

Еден од осомничените доставувал пари и техничка помош на групата, а другиот обезбедил пикап и амбулантно возило за Ахрар ал Шам, наведува Обвинителството.