Балкан
22. April 2016 - 11:49

Тројца турски војници загинаа во експлозија на бомба поставена покрај пат

Во провинцијата Тунџели на југозапад во Турција претежно населена со Курди, денеска експлодира бомба покрај пат при што тројца турски војници загинаа.

Експлозијата била предизвикана од рачно изработена бомба поставена покрај пат меѓу Тунџели и Елазиг.

Во тој регион има голем број крвави пресметки меѓу армијата и бунтовниците од ПКК откако минатата година пропадна примирјето.