Тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево-Охрид
Вчера наутро на патот Кичево-Охрид се случила тешка сообраќајка во која три лица се повредени. Како што соопштуваат од МВР:
„На 23.08.2020 во 07.45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Песочан, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од с.Порој, тетовско, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.(22) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Скопје.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „бмв“, Х.Х.(53) од Тетово, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „бмв“ и сопатничката во истото возило, Х.Б.(24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид“.
Ново на Сител
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп
-
Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот