Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Струга
Три лица се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера попладне во 18:30 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, во близина на „Здружение на возачи“ на илезот од Струга.
Како што соопшти СВР - Охрид, трите лица, Б.И.(34) од Струга, како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа, со сериозни повреди се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на натамошно лекување.
Според СВР - Охрид, во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки, „Мерцедес“, управуван од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како сопатник била и тешко повредената Н.С. Незгодата настанала во момент кога возачот на „Мерцедес“, движејќи се од Дебар кон Струга, недржејќи страна на движење, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната коловозна лента и директно удрил во предниот дел на автомобилот „Ауди“ што се движел во спротивна насока.
На местото на сообраќајната незгода увид извршиле полициски екипи.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција
-
Оштетена пратеничка канцеларија
-
Најавена тужба за клевета
-
МОН бара решение како основците да не учат во сабота
-
Ученик претепал наставничка
-
Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори