Македонија
22. January 2019 - 10:28

Тројца скопјани приведени во Штип: Еве што пронајде полицијата во нивниот автомобил

Вчера околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје. 

Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот. Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип.

По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.