Македонија
26. December 2017 - 15:05

Тројца скопјани искасано, едно куче пронајдено отруено

Вчера  во 12:00 часот А.Т.(21) пријавил дека на 23.12.2017 година околу 21:00 часот на бул.Метрополит Теодосиј Гологанов додека се движел од зад грб му се приближило куче-скитник и го каснало во пределот на десната потколеница. 

Завчера во 22:20 часот во Полициска станица Драчево Т.Н.(29) пријавил дека истиот ден околу 19:40 часот на ул.Иван Хаџи Николов од страна на куче скитник бил каснат во пределот на левата нога. Т.Н. побарал лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. 

Вчеравечер  во 19,30 часот С.Б.(30) пријавила дека претходниот ден околу 19,00 часот на ул. Иван Хаџи Николов ја нападнало куче скитник кое ја каснало за левата нога.

Вчера во 09,40 часот Д.Ј.(61) пријавила дека на 23.12.2017 година на бул.Јане Сандански бб Скопје, на тротоарот, забележала куче скитник без знаци на живот, по што заедно со соседите телото на кучето го однеле на ветеринар, кој по извршениот преглед констатирал дека смртта на кучето настанала од труење.