Свет
14. February 2018 - 15:05

Тројца ранети и еден приведен по пукотница пред седиштето на НСА

Три лица се ранети и едно е приведено по пукотница пред седиштето на американската Национална безбедносна агенција во Мериленд, јавија локални медиуми.

Ен-Би-Си објави инсерти од полициски возила кои опколиле маж кој е совладан. Најверојатно црно  комбе удрило во заштитната бетонска ограда и видливи се дупки од куршуми на шофершајбната на возилото.

НСА соопшти дека ситуацијата е под контрола.