-->
-->
Тројца ракометари на Вардар во изборот на ЕХФ
-->
Вардар во саботата го совлада Загреб во натпревар од 10.коло од Лигата на шампионите, а за добрата игра и потезите од тој дуел ЕХФ тв тројца ракометари на македонскиот првак ги смести во изборот на трите категории за оваа рунда.
Во тимот на колото се Алекс Душебаев на позицијата десен бек. Тој против Загреб со седум голови беше најефикасен играч.
Тим на колото:
лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)
среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
пивот: Толга Озбахар (Бешикташ)
голман: Андреас Паличка (РНЛ).
Еден од четирите голови на Лука Циндриќ е во изборот на најубави пет погодоци рангиран како број 3, додека една интервенција на Арпад Штербик е под број 4 во ТОП 5 одбрани на колото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација