Македонија
22. January 2021 - 21:03

Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, вели Николоски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител освен на средбите  со премиерите од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски, се осврна и на актуелната ситуација и актуелните теми во земјава како пописот.

„Пописот е многу важна операција, а власта сака да прваи политички попис. Ние дадовме шанса заеднички да усогласиме текст ни еден амандман не се усвои. Очекуваме Пендаровски да не го потпише законот, ако тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе поднесе иницијатива  до министерството за правда да се соберат потписи, минималната бројка е 10 илјади, но мислам ќе има многу повеќе“, рече Николоски.

На прашањето дека сепак во Собранието ќе биде потребно мнозинство за нов закон Николски рече: 

„Мислам дека возможно е да се обезбеди мнозинство требаат три пратеници. Стојам на тоа што сум го кажал за соборување на оваа влада, а тоа е влада за национален спас, тоа не помина и сега треба да се оди на нејзино соборување зошто немаат капацитет за ништо. Најдобар доказ дека им виси мнозинството е тоа што не можат да соберат кворум за да одржат седница. Еве веќе два месеци има интерпелација за Никола Димитров и не се става на дневен ред. Координаторот на СДСМ рече кога би се ставила на дневен ред СДСМ нема да учествува на расправата, што значи се плашат дека дека некој можеби би гласал Димитров да не е вицепремиер“, рече Николоски. 

Тој јасно укажа „тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме“.