Тројца пожарникари загинаа во пожар во северозападниот дел на САД
Тројца американски пожарникари загинаа, а четворица се повредени, при справување со шумски пожари во северозападната американска сојузна држава Вашингтон, соопшти гувернерот Џеј Инсли.
Огнот, кој се шири со голема брзина, ги принуди властите синоќа да наредат евакуација на жителите на Туисп и Вантроп, два мали града во подножјето на планината Каскејд.
Над 10 големи пожари зафатија 400.000 хектари површина во сувиот источен регион на Вашингтон.
Неделава изгорените површини од пожари во САД од почетокот на годината надмина 2,9 милиони хектари, што е највисоко ниво во изминатите две децении.
Во соседна Канада пожарникарите успешно ги совладаа шумските пожари, кои од минатата недела беснеат во јужниот дел на западната провинција Британска Колумбија, јави ТАСС. Засега продолжуваат да горат 4.000 хектари површина, додека околу 1.000 хектари се изгаснати.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово