Македонија
23. January 2016 - 14:42

Тројца повредени во пожар во Тетово

 

На ул. „Полог“ во Тетово вчера околу 17.45 часот од засега непознати причини избувнал пожар на третиот кат од куќата во сопственост на Џ.Ц.(62), при што три лица поради вдишување чад се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово.

Пожарот е локализиран од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица-Тетово. Увид ќе се врши во текот на денов.