Тројца повредени во 8 сообраќајки вчера во Скопје
На подрачјето на град Скопје во текот на изминатиот ден се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Еден возач не ги почитувал ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 23 непрописно паркирани возила, четири лица го управувале возилото без возачка дозвола и четворица возачи го управувале возилото по истекот на сообраќајната дозвола.
Со помош на специјалното возило во текот на вчерашниот ден отстранети се 35 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Тихомир Милошевски“ и со учениците од второ одделение во ОУ „Страшо Пинџур“, општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор