Македонија
22. April 2016 - 13:14

Тројца повредени полицајци на синоќешните протести на опозицијата

Вчера од 18,45 до 21,10 часот во Скопје е одржан јавен собир на кој присуствувале околу 4.000 граѓани во организација на НВО-Протестирам. Собирот започнал пред објектот на СЈО, а околу 19,10 часот масата се упатила кон седиштето на ЕУ, каде што околу 20,30 часот, кога започнале да се движат кон Владата на РМ како последна дестинација.
 
При тоа повредени се три полициски службеници: и тоа двајца кои се здобиле со телесни повреди во пределот на рацете настанати при обид да им го одземат штитот, кои со возило на брза помош се префрлени во Клиничкиот центар-Скопје и уште еден полициски службеник кој се здобил со телесни повреди на дланките на кого лекарска помош му е укажана на лице место од страна на брза помош.