Свет
31. March 2016 - 20:13

Тројца полицајци повредени при протести во Марсеј

Тројца полцијаци се повредени попладнево во јужниот француски град Марсеј, за време на протести организирани од страна на синдикатите против владините реформи на законодавството за работни односи.

Како што јави ТАСС, за време на судирите полицијата привела тројца учесници на протестите.

Локалните власти на Марсеј соопштија дека на протестот учествувале над 11.000 лица.  

Судири меѓу демонстрните и полицијата имало и за време на протестите против измените во законот за работни односи во Париз, каде се уапсени најмалку десет насилни учесници на демонстрациите.

Во судири на протестите против реформите на трудовото законодавство во Нант, полициските сили упоребиле и солзавец за разбивање на група насилни демонстранти кои се обиделе да ја преземат зградата на регионалното Собрание.