Тројца полесно повредени во сообраќајка пред велешкото село Иванковци
Три лица се полесно повредени во сообраќајка што утрово околу 8 часот се случи пред велешкото село Иванковци, наспроти гробиштата. Повредените со возило на Брза помош, по укажаната прва медицинска помош од медицинскиот тим и д-р Сања Димитрова, итно биле пренесени во Велешката болница
Во сообраќајката имало судир на автомобил во комбе, кое пак претходно се удрило во друго комбе. Повредените лица се од автомобилот.
Портпаролот на Општа болница – Велес Тодор Јаковлевски за МИА изјави дека сите тројца повредени се здобиле со полесни телесни повреди и се задржани на Хирушкото одделение на опсервација.
-Тоа се тројца жители на село Иванковци, М.К (67), М.Ѓ (59) и Д.М.(55) години, кој бил возач на автомобилот, на кои итно им беа направени рентген снимање и лабараториски испитувања, а на еден од нив и компјутерска томографија на глава и врат. Лекарите констатираа само полесни телесни повреди,но сепак се задржани на опсервација во Хирушкото одделение, информира Јаковлевски.
Според првичните информации од терен, најверојатно причина и за оваа несреќа како и вчерашните две била густата магла и лизгавиот пат.
Како што дознаваме од очевидци од терен претходно имало судир на две комбиња, по што автомобилот иако бавно се движел, сепак поради лизгавиот пат се удрил во едно од комбињата.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски за МИА информира дека полицијата се уште прави увид во несреќата, а локалниот пат за Иванковци повторно е пуштен во сообраќај.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација