Македонија
16. November 2020 - 14:57

Тројца починати во болницата во Велес во изминатите 24 часа

Продолжува црниот биланс на починати во Општата болница во Велес. Вчера попладне починале двајца мажи, еден на 89 години од Велес и еден од Свети Николе на 68 години.  Утрово во болницата почина маж од Велес на 51-годишна возраст, кој е 45-та жртва на КОВИД-19 во Велес и Велешко од почетокот на епидемијата во земјава. 

Како што информираше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во велешката Општа болница хоспитализирани  се 79 пациенти, од кои 67 потврдени, седум сомнителни и пет негативни на вирусот.

На кислородна поддршка се 34 пациенти, што е најмногу досега.  Инфективното и Интерното одделение – Б крак се целосно пополнети, а на Одделението за физикална медицина каде има 25 легла, хоспитализирани се 10 пациенти.