Македонија
22. April 2021 - 11:55

Тројца обвинители од згаснатото СЈО избрани за обвинители кои ќе гонат криминал и корупција

Тројца обвинители од згаснатото СЈО преминуваат во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На денешната седница на советот на јавни обвинители, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов беа избрани за обвинители во Обвинителството кое гони криминал и корупција.

За место се тркаа и Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе но тие не ја добија поддршката од советот на јавни обвинители. На седницата беа избрани уште двајца обвинители кои во иднина ќе треба да гонат криминал и корупција.

Поддршка од советот на јавни обвинителите добија Наташа Поп Трајкова која доаѓа од Обвинителството во Струмица и Катерина Коларевиќ која во изминатите 11 години била обвинител во скопското јавно обвинителство. За петте обвинителски места во Одделението за гонење криминал и корупција конкурирале 14-мина обвинители. На денешната седница која е во тек, советот ќе избира и петмина обвинители за Вишото Јавно обвинителство – Скопје

 

Зоран Јаневски