Свет
4. October 2017 - 13:30

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за хемија

Нобеловата награда за хемија во 2017 година им е доделена на тројца научници за развој на ефикасна метода за генерирање тридимензионални слики на молекули на животот, метода која ја внесува биохемијата во нова ера, соошти Шведската кралска академија на науките.

Добитници на наградата се Жак Дибоше од Универзитетот во Лозана, Јоаким Франк од Универзитетот Колумбија во Њујорк и Ричард Хендерсон од Универзитетот во Кембриџ во Британија. Наградата се однесува за развој на криоелектронската микроскопија.

Со употребата на криоелектронската микроскопија научниците сега можат да замрзнат биомолекули во момент на движење и да ги прикажат во атомска резолуција.    Исто така можат да визуелизираат процеси кои претходно не  ги виделе. Тоа е одлучувачко за разбирање на хемијата на живите организами и за развој на фармацевтските производи, наведува Академијата во соопштение.