Живот
23. November 2016 - 14:23

Тројца мажи тужат ресторан затоа што се прејале, а можат и да добијат!

Тројца мажи поднеле тужба против мексиканскиот ланец на ресторани „Chipotle“ и тоа затоа што се прејале во ресторанот. Прв кај надлежните служби се обратил Давид Десмонд, поради тоа што сметал дека буритото кое го јадел има повеќе од 300 калории кои се наведени во менито.

Следејќи го неговиот пример, тужби против ресторанот покренале и Едвард Гуревич и Јоунг Хоон Ким, а сите тројца тврдат дека ресторанот се служи со лажно рекламирање, пишува My LA News.

Тужбата, изгледа, и не е толку „наивна“, особено ако се утврди дека бројот на калории во храната се поголеми отколку што е наведено.

Тројцата мажи тврдат дека сакаат да спречат ресторанот да користи лажни бројки и со ова сакаат да ги поттикнат луѓето низ Америка конечно да се хранат здраво.

Познато е дека Америка е земја со најголем процент на дебели луѓе во светот.