Македонија
11. December 2020 - 11:32

Тројца малолетници ограбиле жена во Скопје

Вчера на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по претходна пријава, лишиле од слобода тројца малолетници, бидејќи во близина на бензинска пумпа на ул.„Кеј Димитар Влахов“ одзеле чанта од едно женско лице, соопштуваат од МВР.

Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.