-->
-->
Тројца љубаништанци приведени поради криволов на риба од Охридското Езеро
-->
Три лица од охридското село Љубаништа заработија кривични пријави поради илегален излов на риба од Охридското Езеро.
Лицата Б.С., С.Н. и М.С. во текот на вчерашниот ден биле затекнати при вршење незаконит риболов на локалитетот „Ќоше“ кај автокампот „Љубаништа“ од страна на полициски службеници на Станицата за граничен надзор „Охридско Езеро“.
Кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект.
Лицата се лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава за незаконит риболов по членот 229 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите