Македонија
21. October 2018 - 18:08

Тројца гостиварци доживеале хорор на излегување од дискотека

Ноќеска во 02,45 часот во Полициската станица Гостивар М.Б.(25) од с.Здуње-гостиварско пријавил дека истиот ден околу 01,30 часот на улицата ,,Живко Брајковски“ во близина на дискотека додека се движел пеш заедно со

лицата Џ.А. и А.М. му се доближил Б.Р.(36) од Гостивар, кој управувал возило и во еден момент завртел со возилото кон нив при што со предниот браник од возилото го удрил А.М. во пределот на десната потколеница.

Потоа излегол од возилото и се упатил кон тројцата и започнал вербална расправија, а потоа физички го нападнал М.Б..

Се преземаат мерки и активнсти за расчистување на случајот.