Македонија
30. December 2015 - 16:27

Тројца цариници повредени во сообраќајка кај обиколницата на влезот во Скопје

Тројца цариници се повредени кога комбето со кое се превезувале се преврте на автопатот Куманово – Скопје, по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.

Несреќата се случила утрово, околу 7.00 часот,

Двајца од повредените се префрлени во Градската општа болница “Наум Охридски”. Едниот од нив по лекарската интервенција на повредата на вратот е пуштен на домашно лекување, додека другиот кај кого се утврдени повреди на екстремитетите е задржан на трауматологија.

Третиот повреден заврши на Клиничкиот центар во Скопје, со повреди на главата и телото, но по интервенцијата на медицинските лица е пуштен дома.

Официјални информации за причините кои довеле до превртување на комбето сеуште нема, потврдено е тоа дека во сообраќајката не учествувало друго возило.