Loading Video...
Свет
28. November 2018 - 17:56

Тројца бугарски политичари вмешани во аферата со бугарските пасоши

Тројца еминентни  бугарски политичари Каракачанов, Захариева и Ковачев се последните имиља кои се појавија во аферата со незаконско продавање бугарски пасоши за странци, открива Еурактив. Нвината поврзаност во скандалот за Еурактив ја открива Катја Матева  екс директор на Советот за државјанство. Матева вели дека добила отказ во 2016 година од страна на Захариева тогаш минситер за правда а сега за надворшени работи , бидејки не сакала учестува во шемата. Според неа ,вицепремиеот  Каракачанов земал меѓу 550 и 1500 евра од секој  Македонец кој аплицирал за бугарски пасош во оваа шема а дневно имало меѓу 150 и 200 кандидати. Захариева и  Ковачев  изјавија дека се изненадени од обвинувањата.