Свет
2. October 2017 - 13:47

Тројца Американци добитници на Нобеловата награда за медицина

Американските научници Џефри Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл Јанг се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за медицина за нивното откритие на молекуларните механизми кои ги контролираат биолошките часовници кај луѓето, соопшти нобеловиот Комитет.

Тие тројца ќе ја поделат наградата во вредност од 1,1 милион американски долари.

„Нивните откритија објаснуваат како растенијата, животните и луѓето го адаптираат својот биоритам, со цел да биде синхронизиран со ротацијата на Земјата“, соопшти Комитетот.

Со доделувањето на Нобеловата награда за медицина, почнува „сезоната“ на доделувањето на овие престижни светски награди.