Живот
30. September 2016 - 11:50

Трогателно: Таткото болен од рак на мозокот го запозна новородениот син

Неколку недели пред да стане татко Кагни Венк ја дознал страшната вест.

Иако има само 26 години, дијагностициран му е рак на мозокот во четврта фаза.

Сепак тој дочека да го запознае својот син.

Овој трогателен момент му го овозможија вработените во болницата во Колорадо.

Лекарите Венк и неговата сопруга ги споија во една просторија, за да му овозможат да присуствува на породувањето на сопруата, а потоа заедно го поминаа времето на нејзиното опоравување.

Видеото од таа средба расплака многумина.