Живот
8. October 2015 - 11:30

Трогателно: Девојче ја прекина воената парада за да го гушне својот херој

Додека траеше свеченоста во чест на војниците кои се вратија од повеќемесечното отсуство, едно девојче не можеше да почека за да се поздрави со својот херој.

Не е лесно да се биде одвоен од родителите, па така и едно девојче не можеше да дочека таткото да и се врати од боиштето. Кога војниците се вратија од мисијата во Кувајт одржана е свеченост во нивна чест.

Меѓутоа девојчето не можеше да чека толку па веднаш отрча кај таткото во прегратки.

Таткото силно ја гушна и ја посоветува дека сепак најдобро е да се врати додека не заврши парадата.