Џет-Сет
24. August 2016 - 12:59

Трогателна исповед: Се менуваа и говореа дека ќе ме силуваат додека не умрам!

Познатата актерка Кели МекГилис, ѕвезда на мегахитот„Топ ган“, преживеала две силувања и се здобила со сериозни повреди за време на нападите.
 
Кели моментално има 59 години и живее во Северна Каролина, а ја силувале двајца мажи пред 35. години.
 
Во 1979. година кога се доселила во Њујорк за да студира глума, додека излегувала од кадата двајца мажи насилно влегле во станот и под закана со нож ја одвлечкале во спалната соба.
 
И покрај нејзините крикови, ја силувале, плукале, удирале и боделе со нож.
 
- Се менуваа и говореа дека ќе ме тепаат додека не умрам. Во тие моменти мислев дека ќе умрам и се предадов, рекла Кели.
 
Полицијата сепак стасала на време и таа била префрлена во болница, а двајцата напаѓачи се уапсени во рок од еден месец.
 
После овој брутален напад, МекГилис се борела да ја врати довербата кон мажите, паднала во депресија и се оддала на алкохол. Подоцна почнала и да се дрогира, а мир пронашла дури во 2009. година. Тогаш била трезна веќе осум години и ја обновила врската со двете ќерки.
 
Ова лето актерката повторно доживеала траума, кога во нејзината куќа упаднал провалник.
 
Поради претрпениот страв Кели открила дека била силувана од страна на тројца мажи и кога имала 12. години.   
 
Таа сега има дозвола за носење оружје и никаде не оди без пиштол.