Трогателна исповед на Дино Мерлин: Трагично е кога сакаш некого, а не ти е возвратена љубовта
Пејачот Дино Мерлин познат по своите одлични песни и спектакуларни концерти во документарниот филм „Средином“ откри детали од својот приватен живот.
Имено, пејачот во овој документарец се осврна на животот на својата мајка која цел живот страдала.
-Велат дека среќните луѓе немаат минато, а несреќните луѓе имаат само минато. Според тоа мојата мајка беше несреќна зошто само зборуваше за човекот кој ја напушти, кој не ја сакаше, а тоа беше мојот татко. Трагична е ситуацијата кога некого сакаш, а тој не ти ја возвраќа љубовта. А мајка ми беше омилена, знаеше да позајмува пари за да им помага на другите. Беше тој „бај-пас“ за другите, рече пејачот и додаде дека немал поддршка од мајката кога ја избирал професијата.
-Немав поддршка од мојата мајка на тој пат. Никогаш не беше среќна поради мојот избор, мислеше дека ќе станам инженер, мислеше дека треба да станам инженер и фин граѓанин со постојана работа од 9 до 5. Но мајка е мајка, па ми купи гитара, мислејќи дека таа склоност кон музиката ќе ме држи едно лето. Меѓутоа, мене многу ме врза и целото време го поминував со гитарата, рече популарниот пејач.
Ново на Сител
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија