-->
-->
Трофејот на УЕФА Супер Купот денеска ќе биде изложен пред ФФМ
-->
Трофејот наменет за победнико во УЕФА Супер Купот кој годинава ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, а за кој ќе се борат освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, денеска љубителите на фудбалот во нашата земја ќе имаат можност да го видат во живо.
Имено, од 9 до 18 часот на платото пред „Куќа на фудбалот“ ќе биде изложен трофејот на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.
- Жителите на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот“ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Натпревраот во УЕФА Супер Купот ќе се игра на 8 август 2017 година во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда