Кошарка
21. July 2017 - 8:27

Трофеј Македонија: Победа против Португалија

Успешен старт за македонската кошаркарска репрезентација на Трофеј Македонија. 

Во неефикасен меч совладана е селекцијата на Португалија со 52-47 (15-18, 14-9, 10-4, 14-16).

Чековски постигна 14 поени, Стојановски имаше 10 поени, додека Костоски осум поени. 

Македонија утре ќе игра против Холандија, дуелот стартува во 20:30 часот. 

Холандија во првото коло загуби од БиХ  во продолжение.