Македонија
27. November 2015 - 8:34

Тркалезна маса за улогата на Судскиот совет во заштитата на независноста на судиите

Во организација на Судскиот совет на Република Македонија денеска во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Скопје „Павел Шатев“ ќе се одржи трета тркалезна маса на тема: “Улогата на Судскиот совет и највисоките судови во заштита на судиите од мешање во нивната независност“.

На форумот ќе присуствуваат судии и претставници на релевантни институции. Цел на тркалезната маса е донесување заклучоци по презентираните согледувањата на Советот и судиите за заштита на нивната независност.