Македонија
22. December 2017 - 8:20

Тркалезна маса за родово одговорно буџетирање

Тркалезна маса посветена на „Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање - 5 години потоа”, ќе се одржи денеска во организација на Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на UN Women во Скопје.

На тркалезната маса ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, Доминика Стојаноска и координаторката на Клубот на пратенички при Собранието на Република Македонија Ѓулумсер Касапи.