Македонија
25. February 2019 - 9:17

Тркалезна маса за проектот за поддршка на слепите лица

Во просториите на Клубот на органите на државната управа ќе се одржи тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементација на проектот за поддршка на слепите лица во Република Северна Македонија.

Настанот во организација на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, УСАИД, Интернационалната фондација Лајонс Клуб и Универзитетот на Југоисточна Европа.

На настанот ќе бидат презентирани досегашните постигнувања во работата со младите со оштетен вид, како и плановите на поединечните министерства и институции за зајакнато партнерско делување.

Предвидени се обраќања на министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на САД Џес Бејли.