Тркалезна маса за преводот на балканската литература во рамки на 4. ПРО-ЗА Балкан
Како балканските автори да станат повидливи и достапни во поширок литературен контекст и на културниот пазар создаден од државите на ЕУ и како нивните книги да не останат изолирани во свет во кој доминира англисиот јазик.
На тркалезната маса „Независни издавачи од Германија и превод на литература од Балканот: мапирање на реалноста“ на таа тема мислења разменија писатели и гости на 4. Меѓународен литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.
Преводот е најважен во претставувањето на книгата и оттаму тој мора да биде квалитетен. Според турската писателка Асли Перкер, чиј трет роман „Рецепт за осамени срца“ е преведен на 23 јазици, смета дека мора да се најде добар преведувач.
- Клучната работа е преводот и од тоа колку е тој квалитетен зависи нашиот впечаток за книгата. Но не е фер за писателот ако издавачот зависи од преведувачот, зашто може да биде многу добра книга на изворниот јазик, но издавачот да нема поим за тоа, рече Перкер.
Јерг Сандермајер од издавачката куќа „Вербрехер Верлаг“ рече дека издавачите мора да им веруваат на преведувачите дека книгата е добра иако на крајот, како што рече, можеби и не е толку добра и можеби е лош преводот или книгата и не може да се преведе.
- Од некои земји немаме литература во Германија, исклучиво зашто јазикот е бариера. Мислам дека е голема загуба за германската литература затоа што не допира до нас литературата од балканските земји. Проблемот е дека ние во Германија се уште имаме едно посебно гледање на Балканот - како некој егозитичен, посебен дел од Европа или како да не е дел од Европа, рече Сандермајер.
Литературниот агент Кристине Лиштау рече дека за претставување на авторите на германскиот пазар е потребно е да се има барем мал, резимиран превод на нивните книги на англсики. - Но тој мора да биде квалитетно преведен. Издавачите не можат да си дозволат да ги платат преведувачите, така што треба одбор или организација што ќе го плати резимираниот превод, рече Лиштау која ги организирана и менаџирала фестивалите „Oрen Book“ и „LiteraTurm“.
Писателот и преведувач Ермис Лафзановски ја пофали Германија што во последните 20 години преку фондот за преводи Традуки овозможува преводи на балканските автори, а со тоа, рече тој, и самите автори од Балканот почнале да се читаат и откриваат меѓу себе.
Бугарскиот писател Георги Господинов, кој годинава ја добива наградата „Прозарт“ на фестивалот, смета дека Германија е земја која покажува поголема љубопитност кон овој дел од Европа за разлика од Велика Британија, Франција, Шпанија... Но не му се допаѓа, како што рече, етикетата Литература од Источна Европа во која Германија, рече тој, многу верува, но таа не функционира.
- Сега сите треба да се нарекуваме европски писатели кои, се разбира, ги раскажуваат локалните приказни. Ја сакам балканската литература, но кога велиме тој е балкански писател ќе очекуваме теми, лобирања и слично, што можеби не најсоодветно. Треба да се обидуваме да бидеме сите европски писатели. Најдоброто е што личните приказни, дури и да доаѓат од Балканот се универзални приказни, рече Господинов.
Директорот Дејан Трајкоски рече дека присуството на германски независни издавачи се должи на помошта на фондацијата „Курт Волф“. - Втората причина зошто оваа тркалезна маса го има тој наслов е тоа што еден од најгорливите проблеми на овој дел од светот, освен Турција и Словенија, се токму литературните преводи во развиените пазари, како Германија, Франција, англискиот пазар, Кина итн, рече Трајкоски.
Ново на Сител
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?