Македонија
6. November 2015 - 20:37

Тркалезна маса „Официјалните статистички податоци - придобивки и предизвици“

„Официјалните статистички податоци- придобивки и предизвици“ беше темата на тркалезната маса што денеска ја организираше Државниот завод за статистика (ДЗС) и на која учествуваа претставници на бизнис-заедницата и на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Како што соопшти ДЗС, посебен акцент во дискусијата бил ставен на значењето на бизнис-заедницата во процесот на доставување на податоци до Заводот кој понатаму ги продуцира податоците во официјални статистики, и придобивките за компаниите од користењето на официјални статистички податоци. Истакната била потребата од продлабочување и интензивирање на соработката на компаниите со Државниот завод за статистика непосредно и преку стопанските комори во државата. 

На тркалезната маса беа промовирани и потпишани новите меморандуми за соработка помеѓу ДЗС и Сојузот на стопанските комори на Македонија и на ДЗС и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Настанот се одржа во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на статистиката под мотото „Подобри податоци. Подобар живот“, соопшти ДЗС.