Тенис
28. October 2018 - 16:55

Tриумф на Свитолина во Шангај

Украинката Елина Свитолина се врати од сет негатива и ја надигра Американката Слоун Стивенс за да ја освои својата најголема титула во кариерата ,триумфирајќи на завршното ВТА финале во Сингапур.

Со 3:6/6:2/6:2 победата, Свитолина е осмата тенисерка која успева да го заврши турнирот со титула без пораз и прва од Серена Вилијамс во 2013 година, и сега од понеделник ќе скокне на четвртото место на ВТА-листата, додека Стивенс ќе ја заврши сезоната како петта тенисерка на светот. За Украинката ова е 13. титула во 15 финалиња, и продолжување на низата на 9 победи во низа со последен пораз од Петра Квитова во Жухаи.

Пред настапот во Сингапур, Свитолина имаше освоено четири титули оваа година, но сега добива 2.36 милиони долари, нејзина најголема награда во кариерата. Таа во Сингапур ги победи Петра Квитова, Каролине Вознијацки и Каролина Плишкова во настапите по групи, пред во полуфиналето да ја победи Кики Бертенс.