Loading Video...
Спорт плус
6. May 2018 - 16:33

Триумф на Кенијците на Скопскиот маратон - рекордни над 10.000 учесници

Еванс Бивот од Кенија е победник на годинашниов Виз Ер Скопски маратон со време од 2:14:08 часа. Второпласиран беше неговиот сонародник Џон Лангат, со време од 2.14.59. Трет беше Хосеа Кипротич од Кенија со 2.28.58.

По трката Лангат изјави дека се обидел да трча во група со неговите сонародници од Кенија, во одреден дел од патеката да бидат заедно, а потоа секој сам да го одреди своето темпо. Додаде дека сака да учествува и следната година со намера да победи. 

Во женска категорија првото место го освои Џедида Карунгу со време од 2.51.24. Втора беше Марија Врајиќ со 3.2.00, а трета Андријана Поп Арсова со 3.05.04. Со ова време Андријана Поп Арсова го урна државниот рекорд во маратон за жени. 

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше победник во полумаратонската трка со резултат од 1 час, 9 минути и 10 секунди. Атанас Анчевски заврши втор со 1.14.44, а трет беше Милош Ранчиќ со 1.15.56. Од жените во генералниот пласман првите три места ги заземаа Миљана Ристиќ со 1.29.15, Амела Трозиќ со 1.32.22 и Силвија Шимуновиќ со 1.35.06.

Трката на пет километри беше најмасовна со околу 7.000 учесници. Богдан Цветковски беше првиот победник на Скопскиот маратон, во трката на пет километри. Кај машките натпреварувачи први беа Цветковски, Кристијан Стојани, Леонид Вандевски, а кај жените Греса Бакрачи, Марго Бојаџиева, Викторија Ѓорѓеска.

Александар Кираџиев кој заврши на петтото место е најдобриот македонски натпреварувач со време од 2:42:48 часа.

Организатор на 14-то издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската унија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Скопскиот маратон традиционално се одржува по повод на Денот на Европа