Џет-Сет
25. February 2016 - 10:48

Триумф на Адел на Брит Авордс

Британската пејачка Адел триумфираше на синоќешното доделување на наградите на британската музичка индустрија за оваа година, освојувајќи четири признанија, вклучувајќи ги и оние за најдобра британска пејачка и најдобар британски албум („25“), јави Би-Би-Си.

 - Да се вратиш по толку долго време и да бидеш така топло пречекан, ми значи многу, рече таа.

Адел, која го затвори шоуто со песната „When We Were Young“, доби и награда за најдобар британски сингл „Hello“ и награда за глобален успех. 

Британската музичка индустрија на церемонијата му оддаде почест и на починатиот Дејвид Боуви. Пријателот на Боуви, Гери Олдман, ја прими наградатга Брит Ајкон за животно дело во име на починатиот пејач и неговото семејство.

Свеченеото доделување на Брит Авордс 2016 го отворија „Колдплеј“ со живописната изведба на нивниот сингл „Hymn For The Weekend“ „Колдплеј“ освои награда за најдобар британски бенд со што стана најуспешна група во историјата на овие награди.

Наградата за најдобар британски пејач ја доби Џејмс Беј, а австралискиот рок бенд „Tame Impala“ е најдобра странска група. За најдобра странска пејачка е избрана Исланѓанката Бјорк, а за најдобар странски пејач Канаѓанецот Џастин Бибер, кој ги изведе неговите популарни синглови „Love Yourself“ и „Sorry“.