Македонија
3. јуни 2020 - 18:32

Трипуновски: Сеидбата на оризот доцнеше заради неисчистената каналска мрежа

Добар ден. Денеска со моите теренски активности бев во општина Свети Николе, пред се. Го посетив населеното место Црнилиште каде што направив увид во системот за наводнување во тој регион и она што можев таму да го воочам е дека иако водата е во каналите присутна , меѓутоа во секундарната мрежа не е пуштена за да стигне до нивите на земјоделците затоа што каналската мрежа ниту е чиста ниту е во функција, а исто така продолжив и сум во посета на Чешиново Облешево. Овдека сакав да направам увид исто така на каналската мрежа која што им е потребна на земјоделците за поплавување на оризовите полиња. Од она што ме информираа дека сеидбата на оризот оваа година доцнеше речиси дваесетина дена што можеби сериозно ќе се одрази на нареднава реколта на оризопроизводството. Доцнењето беше пред се поради тоа што има неисчистена каналска мрежа. Како што можете да видите позади мене каналската мрежа е сеуште обрасната со трска и со вегетација и практично водата доцнеше да стигне до оризовите полиња. Јас постојано во моите теренски активности и во минатото а и еве и денеска во оваа прилика, постојано апелирав и укажував дека системот за наводнување во Република Македонија мора да биде во кондиција затоа што водата е неминовен ресурс кој што ќе значи рентабилно и сериозно производство на земјоделските производители во целата Република Македонија. Наместо владата да излегува со мерки, економски сет мерки кои што нема да го решат проблемот на земјоделецот, туку ќе бидат само една мерка која е тешка за реализација која што едноставно нема да помогне во решавањето на проблемите. Сериозен пристап кон решавање на земјоделските проблеми ако имаме системи за наводнување кои што се во функција, ако имаме исплатени субвенции, ако имаме сериозна грижа кон земјоделците. Исто така еве кога сум во овој регион морам да потенцирам дека оризпроизводителите онаа дополнителна мерка која што беше во 2018 година за предадена оризова арпа после 25.12.2018 сеуште ја немаат добиено како субвенција и неминовно ја чекаат за да ги покријат своите трошоци во производството. Така да ако се сакаше да се помогне на земјоделците ќе се исплатеа сите земјоделски субвенции кои што ги чекаат земјоделците ширум Република Македонија, независно дали се оризопроизводители, дали се сточари, дали се млекарите, градинарите во струмичкиот регион итн. Така да со овие посети јас сакам да го анимирам и министерот Димковски и директорот на А.Д. Водостопанство сериозно да си ги земат работите во свои раце. Да излезат на терен и да ги решаваат и да ги превенираат проблемите затоа што знаете во оваа тешка економска ситуација која што го зафати светот на глобално ниво. Кај нас да не биде само лицемерно дека Зоран заев и Трајан Димковски се грижат за земјоделците и сакаат да им помогнат, а она што ќе го видиме на терен е дека имаме нерешени проблеми, неисчистени канали и практично една летаргија во овој аграрен сектор.

Моите информации говорат дека во браната Калиманци има некаде околу 70 милиони литри, што е да речеме на некое најниско ниво кое што можеби ќе ги задоволи потребите на во овој регион на Република Македонија, меѓутоа она што можам да потенцирам и да забележам е дека и таа мала ниска количина на вода, при нерационално користење на водата практично нема да има никаков ефект. Пред малку ви кажав дека во делот на Свети Николе водата поминува по каналите меѓутоа не се користи за полевање пошто секундарната мрежа не е во функција. Исто овдека гледаме дека имаме неисчистени канали каде што со оваа вегетација практично ќе неможе да се дополнат оризовите полиња. Замислете во месец август кога е најпотребна водата за полевање што би можело да се случи во овој регион. Тоа е безмалце еднакво на катастрофа, меѓутоа се надевам дека до тогаш ќе се изнајде некое решение и дека А.Д. Водостопанство и министерството ќе излезат на терен и ќе ги превенираат овие ситуации.