Трипуновски го претстави неговиот тим советници
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска го претстави својот тим советници кои, како што рече, заедно со него ќе ги донесат промените во земјоделскиот сектор.
– Од денеска почнува подготовка за обнова на Македонија. Земјоделците од денеска во ВМРО-ДПМНЕ имаат заштитник и партнер, кој ќе работи во нивна корист. Воден од смислата за создавање подобри услови и поквалитетни земјоделски политики формирав Совет на земјоделци и Совет на професори експерти, кои ќе ме советуваат и работат во корист на земјоделците, изјави Трипуновски.
Совет на земјоделци, посочи тој, е составен од шест члена меѓу кои земјоделци и земјоделски лидери од цела република, додека Советот на професори експерти ќе биде составен од шест члена професори, експерти и докажани луѓе во своите области.
– Моите советници нема да ги чинат граѓаните ниту еден денар, рече Трипнувски.
Совет на земјоделци го сочинуваат Златко Стојчев лозар-овоштар од Росоман, Драги Памуков градинар од село Куклиш, Струмица, Драгољуб Гаврлиов оризар од село Чешиново, Зоран Илиевски овоштар од Ресен, Митко Јанков сточар од село Ораовец од Велес и Николче Илиевски тутунар од Село Добрушево од Могила.
Во однос на тоа дека сепак е заменик-министер во техничка влада, Трипуновски рече дека првенствено ќе се обиде да спречи манипулација и притисоци врз земјоделците во насока на подготовка на фер и демократски избори.
Прашан за кривичната пријава за злоупотреба на службената должност, Трипуновски рече, дека изминатите три години СДСМ фингирале кривични пријави и оцрнувале имиња од опозицијата и дека не се чувствува виновен.
– Ако имаше било каков доказ имаа три години да докажат дека имам вина во моето минато и да поднесат соодветна пријава. Сите овие работи што ги кажувате се само реваншизам на СДСМ кон опозицијата, изјави Трипуновски.
Ново на Сител
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг