Трипуноска: Жените во Македонија најчесто менаџираат со мали и средни претпријатија
Жените во Македонија најчесто менаџираат со мали и средни преторијатија. Доминираат на менаџерски позиции во услужните дејности, во областа на финансиите, медицината, ИТ секторот, модниот дизајн, но ги има и во градежништвото. За да биде на многу висока менаџерска позиција особено во големи компании треба да е апсолутно комплетна личност и да има многу квалитети.
Ова го истакнува во интервју за МИА Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на Агенцијата МАРИЛИ, која годинава го организира 21-от избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки за 2016 година.
- Имаме се повеќе млади жени менаџери кои доаѓаат од семејните бизниси кои се веројатно базата на новото женско менаџерство. Но, имаме и други млади обрзовани жени кои имаат поголема самопочит, самодоверба, самосвесност и со тоа се покажува дека на жената и се отворени вратите во бизнисот и тоа треба да ни влее надеж на сите нас особено на младата женска популација која е едуцирана дека може да успее, вели Трипуноска.
Додава дека она што е специфика на овие простори и треба да се почитува е што жената сака да биде и семејно реализирана, сака да им се посвети на децата.
- Мислам дека го кренавме нивото на перцепција за жената во нашето општество, за жената во бизнисот и продолжуваме во таа насока. Сепак, таа традиција и прогласувањето на досега 210 најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената, дека таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето, да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, вели Трипуноска.
За управување со големите компании, таа потенцира дека менаџерските позиции се подеднакво вреднувани независно дали се мажи и жени, но посочува дека се уште постои тренд за да ја добие жената позицијата треба да биде поспособна од своите колеги.
- Ако треба да изберат помеѓу маж и жена за една иста позиција ќе ја изберат жената само ако е неколкупати подобра во секој поглед од мажот. Значи, тоа е разликата. Исто е платена. Имаме нерамноправност како ја вреднуваат високоспособната жена менаџер. Можеби средствата ги примаат еднакво меѓута таа мора повеќе да вреди, вели Трипуноска.
Годинава во конкуренција биле 40-тина менаџерки, а избрани се најуспешните 10, во секторите каде менаџираат жените нема промени.
- Во финансиите жените ги има многу што зборува дека прво има многу образован кадар во таа област. Второ, жените се однесуваат многу домаќински и им се доделуваат овие сектори. Она што исто така се забележува последниве години е медицината. Значи, имаме доста приватни ординации и таму имаме успешни жени, ИТ секторот ни профелира, модниот дизајн, исто така, градежништвото што е една тешка дејност. Тоа се некои професии што доминираат и успешно опстојуваат на нашиот пазар, а веројатно така се развиваат и во европските простори, наведува во интервјуто генералната менаџерка на МАРИЛИ.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО