Ракомет
13. February 2017 - 8:19

Трио „вардарци“ го одбележаа колото

Тројца ракометари на Вардар се најдоа во изборот во трите катергории кои се рангираат во магазинот на ehftv.

Во изборот за најдобра „седморка“ е Алекс Душебаев на позицијата десен бек. Тој против Загреб со 7 голови беше најефикасен. Ова е вторпат Душебаев да се најде меѓу најдобрите на колото.
лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)
среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
пикер: Толга Озбахар (Бешикташ)
голман: Андреас Паличка (РНЛ)
 
Еден од четирите голови на Лука Циндриќ е во изборот ТОП 5 голови, рангиран како број 3, додека една интревенција на Арпад Штербик е под број 4 во ТОП 5 одбраните на колото.