Тринаесет сообраќајки во Скопје, патник во автобус потешко повреден
Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во шест била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и 10 возачи за некористење заштитен шлем.
Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи, како и две возила за претовар. Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 261 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети биле 57 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно - воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Аврам Писевски“, кое се наоѓа во општина Карпош .
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација