Македонија
26. March 2021 - 13:19

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

13 години затвор доби обвинетиот Насер Ешрефи за убиството на Ангел Петковски пред речиси 7 години во населбата Ѓорче Петров.

Според судот, обвинетиот е виновен бидејќи со умисла го сторил кривичното дело. Останува во притвор до правосилност на пресудата. Адвокатката на обвинетиот Иванка Јакимовска  не ја коментираше пресудата, најави жалба за висината на казната.

Незадоволни од висината на казната се и родителите на убиениот Ангел, кои сметаат дека е премала и најавија жалба. Со солзи во очите, реагираа дека ништо не може да го врати нивниот син,а се прашуваат и со кое право обвинетиот му го одзел животот на Ангел.Убиството на тинејџерот, се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.

Елена Милошевска