Loading Video...
Кошарка
3. March 2020 - 14:58

Трилер победа на Њујорк против Хјустон

Најнеизвесниот натпревар од синоќешната понуда во НБА лигата се одигра во Њујорк каде домаќините со минимални 125-123 го совладаа тимот на Хјустон. 

Иако Расел Вестбук одигра брилијантен натпревар, а му недостасуваше само еден скок да оствари дабл-дабл, односно на 24-те поени придодаде и 9 скокови, сепак не успеа да го реализира последниот напад за израмнување, па „Хјустон“ го претрпе првиот пораз по серијата од шест победи во низа. 

Неговиот соиграч Џејмс Харден дуелот го заврши како најефикасен на мечот со 35 поени, додека во победничката екипа се истакна Канаѓанецот, барет со 27 поени. 

На сличен начин пораз претрпе и Далас на гостувањето кај Чикаго со 109-107, меч во кој шут за победа од половина терен имаше Лука Дончиќ, но неговиот обид остана без реализација, па Словенецот, дуелот го заврши со 23 поени и 9 асистенции, а Далас го претрпе третиот пораз на последните шест натпревари.