Балкан
21. јуни 2021 - 11:37

Тригодишно девојче од Сараево се задушило со семка од цреша

Тригодишно девојчe, почина во Пале, населба во близина на Сараево, откако се задушило со семка од цреша.

Портпаролот на Окружното јавно обвинителство на Источно Сараево, Невен Крамер, за порталот „Аваз“ потврдил дека дежурниот обвинител бил информиран за сè.

Граѓаните на Пале се во шок поради оваа трагедија.

„Не се сеќавам дека ваква несреќа се случила во Пале, но исто така и во Источно Сараево. Слушнав дека девојчето се обидело да јаде цреша и дека смеката ѝ се заглавила во грлото. Тоа е комбинација на многу несреќни околности“, изјавил еден од локалните жители.

Девојчето било погребано вчера на градските гробишта во Пале.