Трифонов: Бугарија е лојален сојузник на ЕУ и НАТО
Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, во своето прво интервју од летото 2020 година, за Бугарското национално радио изјави дека „кога – тогаш“ ќе стане бугарски премиер ако неговата партија победи на предвремените избори на 11 јули.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата „Има таков народ“, според Трифонов, влегла во политиката поради референдумот и, особено, за неисполнетите барања на бугарските граѓани.
Сепак, тој избегна директен одговор на прашањето со кои партии е можно да се формира коалиција во новото Национално собрание, велејќи дека тоа ќе стане јасно по 11 јули. „Суверенот одлучува“, рече Трифонов.
Тој ја опиша Бугарската социјалистичка партија како „најслабата опозиција во последните 30 години“.
Лидерот на „Има таков народ“ ја опиша својата партија како „практична во интерес на суверенитетот“ и додаде дека изразите „лево“, „десно“ и „центар“ се застарени.
Во однос на надворешно-политичката ориентација на Бугарија – НАТО и ЕУ или Русија, Слави Трифонов рече дека членството на Бугарија во двата сојуза е правилна одлука и земјата мора да биде „лојална, конзистентна и принципиелна“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација