Спорт плус
6. January 2019 - 18:44

Триесетта слаломска победа за Хиршер

Најдобриот светски скијач Марсел Хиршер ја забележа 30-тата победа во слалом во Светскиот куп откако триумфираше денеска на трката во Загреб. Благодарение на одличното возење во втората трка Хиршер беше побрз за 0,37 секунди од својот сонародник Марко Шварц.

Засега рекордер по бројот на победи во слалом е Ингемар Стенмарк со 40 пред Алберто Томба кој има 35 победи во оваа дисциплина.